Објавена мапа: Невреме попладнево во овој македонски град

Според најновата моментална информација од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладнево во делови од Македонија има нестабилно време проследено со пороен дожд и грмежи.

Врнежи во моментов се регистрирани во повеќе региони, а најизразена нестабилност има во западните и планинските предели. Од УХМР предупредуваат дека во Тетовскиот регион постои можност и за појава на суградица.

Граѓаните се повикуваат на внимателност при движење на отворено, особено во подрачјата зафатени од невремето, поради можност од засилен ветер, интензивни врнежи и локални електрични празнења.

УХМР и понатаму ја следи состојбата и редовно ќе ги ажурира информациите за развојот на временската ситуација.