Деветнаесетгодишен мотоциклист загина во тешката сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случи на улицата „Радишанска“ во Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека несреќата била пријавена во 12:12 часот, а во неа учествувале патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46), и мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал Н.М. (19) од скопско.
Возачот на мотоциклот починал на местото на настанот“, соопштија од МВР.

