Неколку куршуми биле испукани кон паркирано возило во скопски Сарај, додека во него се наоѓале две лица.
Во инцидентот нема повредени, но возилото било оштетено од истрелите, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен денеска околу 4 часот во полицијата од 25-годишниот Р.З. од селото Глумово. Тој пријавил дека додека бил со својот другар во паркирано патничко возило во Сарај, до нив пристигнале две лица со мотоцикл, по што едно од нив испукало неколку куршуми кон автомобилот.
Од МВР велат дека нема повредени лица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

