Последна вест: Еве во кои македонски градови моментално има невреме

УХМР ги објави најновите информации

Планинските подрачја во западна Македонија и Полошкиот регион попладнево се зафатени со слаба нестабилна облачна маса, која носи умерени врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи.

Слаба атмосферска нестабилност е регистрирана и во поширокото подрачје на Гевгелија, каде локално има услови за краткотраен дожд и појава на грмежи.

Во наредните часови се очекува нестабилноста постепено да ослабува, но локално и понатаму се можни краткотрајни врнежи и изолирани грмежи.