Денеска (08.08.2026) околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на угостителски објект,
се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.С. (34) од Гостивар и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје.
„Во незгодата, доктор од Итната медицинска помош на лице место констатирал смрт кај возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63).
Возачот на возилото „пежо“, Н.С. (34), се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за укажување лекарска помош.“, соопшти СВР Тетово.
На местото на несреќата увид врши Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во содејство со екипа од ОВР Гостивар.

