Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на регионалниот пат Ресен–Битола.
Според првичните информации, на местото на несреќата се присутни полициски екипи, а сообраќајот се одвива успорено и по една сообраќајна лента.
Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица.
Надлежните служби се на терен и се очекуваат повеќе информации за околностите под кои се случила несреќата.
Повеќе детали и официјални информации ќе објавиме во текот на вечерта.

