Невреме попладнево во овој македонски град

Нестабилно време е забележано во делови од Кочанскиот регион, особено во планинските и повисоките предели северно од Кочани.

Според актуелните информации, во овие подрачја има локална појава на дожд и грмежи, а на места врнежите можат да бидат и поинтензивни.

Нестабилноста е со локален карактер и во текот на денот може да се проширува или засилува во одделни подрачја.

Граѓаните во погодените места се советуваат да бидат внимателни при престој на отворено, особено при појава на грмежи и засилен дожд.

Ќе ја следиме состојбата и ќе информираме за секое дополнително засилување на невремето во Македонија.