Голема потрага по маж во водите на Преспанско езеро

Во тек е потрага по М. М., 71-годишен скопјанец, кој вчера (8 август) скокнал во Преспанското Езеро кај Сливница, Ресенско, по паднати весла од чамецот и не излегол од водата.

Во СВР Битола околу 12:30 часот било пријавено дека на брегот на езерото во село Сливница излегле двајца рибари, кои информирале дека во чамецот останале двајца други.

Според пријавеното, околу 12:20 часот, едниот од нив, М. М. од Скопје, скокнал во езерото по веслата кои паднале во водата, но не излегол на површината. Другиот рибар останал во чамецот, кој поради ветерот се движел кон Крани и бил оддалечен околу 1.000 метри од брегот. Полициските службеници го затекнале Б. Ј. (71) од Скопје, кој го пријавил случајот.

Полициски службеници и специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатиот.