Пороен дожд во моментов има во североисточните делови од Македонија, каде што се развива нестабилна облачност.
Според метеоролошките податоци, системот се движи од североисток кон југозапад, поради што во наредниот период дождот може да зафати и други делови од земјава.
На места се можни интензивни врнежи, засилен ветер, а локално и појава на грмежи.
Граѓаните во погодените и подрачјата по должината на правецот на движење на облачноста се советуваат да бидат внимателни и да ги следат најновите метеоролошки информации.

