Пороен дожд проследен со засилен ветер и појава на ретки грмежи во моментов има во подрачјето источно од Пробиштип и северно од Крива Паланка.
Нестабилноста е локална, а врнежите на места се со поинтензивен карактер.
Од УХМР е објавена и мапа на која е прикажана моменталната состојба со врнежите и атмосферската нестабилност.
⚠️ Се препорачува внимателно движење, особено во подрачјата каде има појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи.


