УХМР објави метеоаларм за утре (11.08.2026)

Утре времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕН 11.08.2026 Високи температури на територијата на целата држава!

Според прогнозата на УХМР, и во среда ќе се задржи топлото и сончево време. Но, од четврток и петок се очекува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, а температурите ќе опаднат за неколку степени.