Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, упати порака со сочувство по повод смртта на Наум Буревски, долгогодишен активист и член на Сојузот на борците.
Ковачевски во својата порака истакна дека Буревски бил посветен на зачувувањето на антифашистичкото наследство, како и на промоцијата на социјалдемократските вредности во кои верувал.
„Со длабока тага ја примив веста за смртта на Наум Буревски.
Наум беше долгогодишен активист и член на Сојузот на борците, посветен на зачувувањето на антифашистичкото наследство и промоција на социјалдемократските вредностите во кои веруваше.
Сочувство до неговото семејство, блиските и сите негови пријатели.
Нека почива во мир. Слава му!“, порача Ковачевски.


