Сообраќајна несреќа денеска се случи во кичевско кај селото Тајмиште, а во која се повредени се две лица.
Во несреќата учествуваа автомобил и товарно возило.
-Денеска околу осум часот во ОВР Кичево е пријавено дека кај село Тајмиште, кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно и патничко возило.
Во незгодата со повреди се здобиле едно машко и едно женско лице од патничкото возило и биле пренесени во болница во Кичево, велат од МВР.
Полициски екипи се на терен, а повеќе информации ќе бидат познати по завршување на увидот.

