Доцна синоќа тешка сообраќајка – има повредени

Тешка сообраќајна несреќа синоќа се случила во скопското село Ласкарци, при што, според првичните информации, три лица се здобиле со тешки повреди.

Инцидентот се случил откако автомобил, под се уште неразјаснети околности, излетал од главниот пат и завршил на спореден пат во селото.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а повредените биле преземени за понатамошно медицинско згрижување.

Засега нема официјални информации за нивната здравствена состојба, ниту за причините поради кои возилото излетало од коловозот.