Тешка сообраќајна несреќа – пет лица итно пренесени во болница

На локалниот пат меѓу Пехчево и туристичката населба „Равна Река“ се случила сообраќајна несреќа во која се повредени пет лица, откако автомобил излетал од патот.

Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 16 август 2026 година во 21:10 часот во Полициската канцеларија Пехчево.

Патничко возило „опел“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц. (34), излетало од патот на локалниот пат Пехчево–туристичка населба „Равна Река“.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот и неговите сопатници М.Б. (40), О.Д., А.С. (35) и Н.С. (52). Повредите биле констатирани во Општата болница во Кочани.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кочани.