Две жени се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што утрово се случила на улицата „Корчуланска“ во Ресен.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 05:56 часот, а се случила околу 05:37 часот, кога патничко возило „шевролет“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 66-годишната Л.С. од село Стење, излетало од патот.
Во несреќата тешко биле повредени возачката и нејзината 71-годишна сопатничка Р.Д. од Ресен. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
На местото бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Ресен, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

