ОГРОМНА ТАГА: Почина позната македонска професорка

Тажна вест споделија од ООУ „Братство Единство“- Охрид.

Со длабока тага ги известуваат учениците, родителите и целата јавност за ненадејната смрт на нивната почитувана професорка по математика и информатика Виолета Величковска.

Таа својот работен век го посвети на образованието и воспитанието на бројни генерации ученици во ООУ „Братство Единство“- Охрид.

Нејзиниот придонес кон училиштето, професионалноста, топлината и посветеноста кон децата ќе останат трајно забележани во спомените на колегите, учениците и целата локална заедница, пишува во објавата.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, роднините и блиските.