На регионалниот пат меѓу селата Долнени и Сенокос се случила сообраќајна несреќа во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште три лица биле повредени, информира МВР.
Според пријавеното, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген шаран“, управувано од 37-годишниот Г.А. од село Браилово, и патничко возило „мг“, управувано од 46-годишниот В.Ј. од село Долнени.
Со тешки телесни повреди се здобил 84-годишниот сопатник во возилото „мг“, И.Ј. Од истиот автомобил, со телесни повреди се здобиле возачот В.Ј., како и сопатниците В.Ј. (32) и Р.Ј. (71), сите од село Долнени.
Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по целосното документирање на случајот се очекуваат дополнителни информации за околностите под кои се случила несреќата.

