МВР информира дека денеска во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул „18“ во с. Арачиново се слушале истрели од огнено оружје.
Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42).
Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

