Застрашувачки снимки: Пожарот кај Бигла се шири – пристигнува помош од соседните градови

Пожарот кој избувна во близина на атарот на село Бигла продолжува да се шири, поради што ситуацијата на теренот е сериозна.

На терен се присутни надлежните служби и екипи кои активно работат на локализирање и ставање под контрола на огнената стихија.

Во акцијата се вклучуваат и дополнителни сили, а помош пристигнува и од соседните градови.

Поради неповолните услови и ширењето на пожарот, на теренот е потребна максимална координација и ангажираност на сите расположливи екипи.
Надлежните служби продолжуваат со активностите за спречување на понатамошното ширење на пожарот и заштита на околните подрачја.

Се огласи и градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски:

Почитувани сограѓани!

Во врска со пожарот кој предмалку изби кај селото Бигла, Ве информирам дека ги преземаме сите потребни мерки. Надлежните служби се на терен и работиме на негово гаснење. За кратко пристигнува поддршка и од соседните општини.
Ве повикувам да останете смирени бидејќи сите кои во моментов се на терен се координирани и работат согласно ситуацијата, а сите конкретни информации ќе бидат споделени официјално.
Потребни се доброволци кои ќе добијат насоки од надлежните овде на лице место. Никако своеволно поради специфичноста на самата ситуација.

Во деновите што следуваат, поради високите температури и зголемената опасност од пожари, апелирам да бидете особено внимателни и одговорни. Да избегнуваме какви било активности што можат да предизвикаат пожар и со заедничка одговорност да придонесеме за заштита на нашата безбедност и на природата!

Доколку имате инфо за присуство на лица овде во селото Бигла ве замолувам да ги исконтактирате да се упатат на безбедно месо за нив.