УХМР објави мапа: Еве во кои делови од Македонија се најголеми шансите за невреме

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот – информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје денеска попладне и утре во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.