Започна невремето во Македонија – еве каде моментално има нестабилност и во кој правец се движи

Нестабилна облачна маса е активна во подрачјето јужно од Катланово и северозападно од Прилеп, каде што има појава на засилен ветер, пороен дожд и ретки грмежи.

Според моменталното движење, нестабилната облачна маса се движи од запад кон исток, па во наредниот период временските услови може да се променат и во околните подрачја.

Се препорачува зголемено внимание при движење на отворено и во сообраќајот, особено во зоните каде има пороен дожд и засилен ветер.

Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и навремено ќе информираме за понатамошното движење на нестабилноста.