Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка–Куманово утрово е целосно во прекин.
Причината поради прекинот била сообраќајна несреќа.
Според АМСМ, прекинот е воспоставен од 05:05 часот кај месноста Карчов.
Засега нема дополнителни информации за несреќата и евентуално повредени лица.

