Нов смртен случај од западно-нилска треска, со што црната статистика во Македонија се искачи на шест починати, соопштија денеска здравствените власти.
Станува збор за 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.
Западнонилската треска бележи драстичен пораст повеќе од десет новозаразени за една седмица. Од вкупно 53 случаи, 50 се потврдени, додека за три се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања.
На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 18 пациенти.
Најмладиот, 26-годишен пациент е во добра состојба, а петмина пациенти се на Интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица.

