Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шума се продолжува до 30 септември 2026 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.
Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор и граѓаните да биде особено внимателни бидејќи поради високите температури ризикот од појава на пожари на отворен простор сеуште е голем и од суштинско значење е јавноста да ги разбере опасностите како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесат кон заштита и сочувување на шумите, односно животна средина, имотите и заедниците во целина.
ВАЖНО
– Лица кои вршат активности на земјоделски површини како и сточарите да бидат особено внимателни при извршување на активностите и да не дојде до неконтролирано палење на земјоделско земјиште и пасиштата што е строго забрането со закон и претставува казниво дело.
– Сериозни ризици – пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина. – Правни последици – предизвикување на пожар на отворен простор е казниво дело.
– Клучен елемент за спречувањето на пожари од пошироки размер е Брзо откривање – јавноста да алармира на 112.

