ТАЖНА ВЕСТ: Почина Марија Челебиева

Со голема тага колективот на ООУ „Маршал Тито“ од Струмица ја прими веста за прераната смрт на долгогодишната колешка Марија Челебиева, која со години беше дел од училишниот колектив и со голема посветеност ја извршуваше својата работа како библиотекар.

Челебиева ќе остане запаметена по љубовта кон книгата, грижата за учениците и професионалниот однос кон работните обврски. Нејзината посветеност и човечност оставија трага кај генерации ученици, но и кај колегите со кои соработуваше.

Од ООУ „Маршал Тито“ упатија искрено сочувство до семејството, роднините, пријателите и сите кои ја познаваа, сакаа и почитуваа Марија Челебиева.

„Споменот за неа ќе остане дел од нашето училиште и од срцата на генерациите ученици и колеги со кои го споделуваше своето знаење, добрина и човечност“, истакнуваат од училиштето.

Посмртните останки на Марија Челебиева ќе бидат изложени во градската капела во Струмица на 31 август 2026 година, од 12:00 до 14:00 часот.

Нека почива во мир.