Денеска се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ги објави новите малопродажни цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.
Според последната одлука, која е во сила од претходниот понеделник, актуелните цени на горивата се:
- ЕУРОСУПЕР-95 – 93,00 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР-98 – 95,00 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ – 101,50 денари за литар
Новите цени ќе бидат утврдени врз основа на движењето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.
По објавувањето на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, ќе биде познато дали од полноќ ќе има поевтинување или поскапување на горивата.

