ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Овој патен правец утрово е во целосен прекин

Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Битола, кај млин Осман, од 5:15 часот утрово е во целосен прекин, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, главно по суви коловози, но со зголемен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира возачите да ја приспособат брзината и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите поради можност од одрони. Зголемено внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Поради градежни активности, времени режими на сообраќај има на повеќе патни правци, меѓу кои Гостивар–Стража, Кичево–Охрид, на скопската обиколница, како и на делови од автопатите А1, А2 и А4.

На патот Кичево–Охрид сообраќајот на повеќе места се одвива со девијации, поради што од АМСМ апелираат на строго почитување на поставената сигнализација.

Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите возила до 3,5 тони.

Од АМСМ апелираат учесниците во сообраќајот да возат внимателно и да ги следат информациите за состојбата на патиштата.