Пресврт: Починал Ј. И., кој влечеше човек во несвест на „Широк сокак“, влечениот е жив

Четири денови по пронаоѓањето на мртов човек на сред пладне во дворот на битолската болница, МВР конечно откри детали за настанот, но и за видеоснимката која протече во јавност, а на која се гледа како е влечен човек во бессознание.

Според МВР, влечениот човек е во добра состојба, додека оној кој го тегне по плочникот на „Широк сокак“ е всушност починатото лице, пронајдено наредниот ден во дворот на битолската болница.

Од МВР за Телма денеска конкретно одговорија дека лицето што влече друго лице на снимката е починатиот 39-годишен струмичанец.

Во врска со видеоснимките од социјалните мрежи, ве информираме дека од страна на СВР Битола утврден е идентитетот на лицата кои се на снимката, при што за расчистување на настанот повикани се повеќе лица на службен разговор. Потенцираме дека споменатото починато лице Ј.И. во дворот на Клиничката болница Битола не е лицето кое на видео снимката е влечено од страна на друго лице“, соопшти МВР.

Од друга страна, од Клиничката болница за Телма потврдуваат дека починатиот кој беше најден напладне со Брза помош бил донесен претходната ноќ околу 4 часот. Бил испратен на хирургија, невропсихијатрија, психијатрија и на рентген и ги поминал сите прегледи, освен рентгенот, по што заминал од болницата. Беше пронајден следниот ден на пладне, а резултатите од обдукцијата откриваат дека тој починал од срцев застој.