УХМР со најнова прогноза: Еве какво време не очекува денеска и во следните денови

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот.

До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h. Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.