Македонија тагува – почина познатиот професор

Тажната вест ја објавија од Филозофскиот факултет.

Оттаму, со неизмерна тага информираат дека на 08.09.2026 година починал професорот Зоран Велковски, редовен професор на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје.

„Проф. д-р Зоран Велковски даде непроценлив придонес во развојот на Институтот за педагогија, како и за развојот на образованието на возрасните и андрагогијата во национални и меѓународни рамки.

Неговата богата биографија се состои од многубројни трудови, дела, проекти и раководни позиции кои го трасираа образовниот пат на нашата држава од нејзиното конституирање.

Филозофскиот факултет загуби голем професор и голем човек. Изразуваме длабоко сочувство до семејството. Нека почива во мир“, пишува во објавата.