УХМР објави мапа: Започна невремето во Македонија

Нестабилна облачна маса веќе го зафаќа северозападниот дел од земјата, проследена со засилен ветер, грмежи и дожд.

Според најновата радарска снимка објавена од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на крајниот северозапад од Македонија се забележува нестабилна облачност која носи дожд, грмежи и засилен ветер.

Слаба нестабилност во моментов има и во јужниот дел од Делчевскиот регион, што укажува на можност за понатамошен развој на облачноста и локални врнежи.

Временската ситуација останува нестабилна, па во наредниот период се очекува развој на локални конвективни процеси, со можност за пороен дожд, грмежи и силни налети на ветер.

Од УХМР со радарската карта ја следат состојбата и развојот на нестабилноста над територијата на земјата.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни и да ги следат најновите информации и предупредувања од надлежните институции.