Џевер Имери, вработен како заменик-директор на Секторот за администрација во Царинската управа, е уапсен откако побарал мито од над 15 илјади евра поврзано со тендер во оваа институција, објави порталот „Курир“.
Според информациите, Министерството за внатрешни работи преку Бирото за јавна безбедност спровело акција во која биле обезбедени обележани парични средства, кои му биле предадени на осомничениот.
Откако ги презел парите, Имери одбил да застане на полициските наредби и се дал во бегство.
По преземените оперативни мерки и активности од страна на полициските службеници, тој бил лоциран, фатен и лишен од слобода.

