Нестабилното време и понатаму е присутно во Полошкиот регион, каде локално има појава на врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Според последните информации и метеоролошки набљудувања, атмосферската нестабилност сè уште е активна во овој дел од земјата.
Во меѓувреме, забележан е и развој на нова нестабилна облачна маса југозападно од Македонски Брод, која во наредните часови може да донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околните подрачја.
УХМР ја следи состојбата и редовно ги ажурира метеоролошките карти. Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во подрачјата каде што се очекуваат поинтензивни врнежи и електрични празнења.

