Во делови од Македонија има умерени врнежи од дожд, кои се движат во правец кон североисточните делови од земјата.
Воедно, јужно од Велес е забележана поизразена нестабилност, проследена со појава на грмежи и засилен ветер.
Нестабилната облачност во наредниот период може да продолжи да се преместува кон североисток, при што локално се можни поинтензивни врнежи, грмежи и засилување на ветерот.
Граѓаните во погодените подрачја се советуваат да бидат внимателни и да ги следат најновите информации и предупредувања од УХМР.


