Полицијата презема мерки за пронаоѓање на 29-годишен жител на Скопје, откако неговиот татко пријавил дека семејството од 1 септември нема никаков контакт со него.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 13 септември околу 12 часот во Полициската станица Бит Пазар.
Шеесетгодишниот М.Ч. од Скопје пријавил дека неговиот син А.Ч. (29) на 10 август му кажал дека ќе оди кај свои другари.
Таткото и синот и потоа редовно комуницирале телефонски, сè до 1 септември. Оттогаш, според пријавата, семејството нема никаков контакт со 29-годишникот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

