Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“, во скопската населба Карпош 4.
Според првичните информации, во несреќата учествувале автомобил и мотоцикл. На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, по што повредениот мотоциклист бил пренесен на понатамошно лекување.
На местото на несреќата се врши увид, кој се очекува да трае до доцна вечерва, а поради интервенцијата можни се и отежнувања во сообраќајот на овој дел од булеварот.
Повеќе официјални информации за околностите под кои се случила несреќата, како и за состојбата на повредениот, се очекуваат во текот на утрешниот ден.

