Полицијата во акција – уапсени 5 лица

Пет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение дека сториле кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

Четворица од приведените управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за В.Н.(29) и Х.И.(20), двајцата од Скопје, Н.Н.(20) од Кавадарци и Р.Т.(20) од Куманово.

Во одделен случај, 56-годишната Љ.Ф. од Скопје била приведена откако управувала возило под дејство на алкохол и притоа предизвикала две сообраќајни незгоди.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.