Трагедија: Едно лице загина во тешка несреќа

67-годишен охриѓанец починал во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „15 Корпус“ во Охрид, откако со мопедот што го управувал изгубил контрола и паднал на коловозот.

Несреќата била пријавена во СВР Охрид на 17 септември околу 11:30 часот. Според пријавеното, И.Б. од Охрид управувал мопед со охридски регистарски ознаки кога, од засега непознати причини, изгубил контрола и паднал.

Од здобиените повреди, тој починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. објави Скопје1.мк