Тажната вест ја објави NPK Vardar-ОЈП Вардар
Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот колега, Драган Јанкуловски – Белчо.
Во име на ОЈП ВАРДАР, упатуваме најискрено сочувство до неговото семејство, роднините и пријателите.
Белчо ќе остане во нашето сеќавање како примерен човек, почитуван колега и вреден и посветен работник, кој со својата коректност, посветеност и човечност остави трага кај сите што го познаваа и работеа со него.
Нека почива во мир. На неговото семејство му посакуваме сила и трпение да ја преброди оваа голема загуба.

