Регионот во шок и неверување: Почина познатиот артист

Почина познатиот српски шминкер Борко Мајсторовиќ, кој исто така професионално се занимаваше со обликување и нега на веѓи, пренесуваат српските медиуми.

Веста за неговата смрт ги затекна бројни пријатели, познаници и сограѓани, кои се збогуваа со Борко преку социјалните мрежи.

– Мој драг брате. Те сакам, сè уште не можам да верувам во ова – тоа е само една од емотивните пораки објавени на Инстаграм вечерва.

Бројни збогувања сведочат за тоа колку Борко бил сакан од луѓето што го познавале, и приватно и преку работата што ја вршел со години.

Засега нема поофицијални информации за околностите на неговата смрт.

На неговиот инстаграм профил неговаата последна објава е пред девет недели од видео од запросувањето на неговата девојка на Острошкиот манастир.