ТАЖНА ВЕСТ: Почина италијанската фудбалска легенда

Легендата на Интер, Сандро Мацола, почина на 83-годишна возраст. 

Мацола ќе наполнеше 84 години на 8 ноември.

Италијанецот со националниот тим беше европски шампион во 1968 година и светски вицешампион во 1970 година. Целата своја кариера ја помина во Интер (1961–1977) со кој двапати беше европски првак.

Во дресот на Интер даде 158 голови на 565 меча. Во 1971 беше втор во гласањето за Златната топка. Неодамна работеше и како спортски коментатор.