Општинската организација на СДСМ Тетово соопшти дека починал нивниот прв претседател Ристо Јаневски:
Со голема тага ја примивме веста за смртта на Ристо Јаневски, првиот претседател на Општинската организација на СДСМ во Тетово, кој оваа одговорна функција ја извршуваше во два мандати.
Ристо Јаневски беше човек кој целиот свој живот го посвети на јавниот и политичкиот ангажман, оставајќи значаен белег во развојот и работењето на СДСМ во Тетово. Со својата посветеност, истрајност, принципиелност и долгогодишна активност, даде голем придонес во градењето и афирмирањето на партиската организација и вредностите за кои се залагаше.
Неговото име ќе остане запаметено како дел од историјата на СДСМ во Тетово, но пред сè како спомен на човек кој со својата работа и посветеност остави трага кај многумина.
Во овие тешки моменти, упатуваме искрено и длабоко сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите негови соборци и соработници. Почивај во мир, почитуван прв претседател Ристо Јаневски. Твоето дело и спомен ќе останат засекогаш.

