Нова трагедија во Македонија: Пронајден починат планинар алпинист

МВР информира дека денеска околу 17 часот и 30 минути од подрачје на Шар Планина до Тетово со хеликоптер е пренесено безживотно тело најдено на над 2.500 метри надморска височина.

Од СВР Тетово потврдуваат дека е најдено безживотно тело на Шар Планина, по пријава на граѓани околу 14 часот и 30 минути, а повеќе детали најавуваат за утре.

Според неофицијални информации, станува збор за планинар-алпинист на околу 70 години, од тетовското село Џепчиште.