Битола е завиена во тага по трагичната смрт на 17-годишната Ивана Недановска, која го загуби животот во сообраќајна несреќа на патот Битола–Прилеп.
Од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, каде што Ивана била ученичка, се простуваат од неа со емотивна порака, истакнувајќи дека нејзиното отсуство ќе остави голема празнина меѓу соучениците, наставниците и целата училишна заедница.
„Смртта го прекинува животот, но не и присуството“, порачаа од Гимназијата, додавајќи дека споменот за Ивана ќе продолжи да живее во ходниците и училниците во кои таа ги поминувала своите училишни денови.
Од училиштето изразија најдлабоко и најискрено сочувство до семејството и нејзините најблиски, нагласувајќи дека зборовите се премногу мали пред болката од загубата на еден млад живот.
Во сообраќајната несреќа, која се случила кај местото викано „Туланата“, учествувале два автомобили.
Покрај загинатата девојка, повредени биле уште четири лица, меѓу кои и седумгодишно дете.
Увид извршила екипа на СВР Битола.

