Народни верувања што треба сите да ги знаат – на празникот Мала Богородица НЕ правете го ова!

Македонската православна црква – Охридска архиепископија заедно со своите верници денеска го одбележуваат празников Рождество на Пресвета Богородица, во народот познат како Мала Богородица – празник што во црковниот календар е запишан со црвени букви и спаѓа меѓу најголемите и најрадосните христијански празници.

Празникот е посветен на раѓањето на Света Мајка Божја во Назарет, од нејзините побожни родители Јоаким и Ана кои по цели педесет години брак во староста добиле ќерка.

Поради тоа, овој ден со векови се доживува со посебна благодарност, љубов и почит во секој дом.

Обичаи, простување и нови почетоци

Во народната традиција, Мала Богородица е празник на мирот, семејството и здравјето. Се верува дека носи благосостојба во секој дом каде што ќе се пречека во слога и без тешки зборови.

Народното верување вели дека на овој ден најпрво треба да се простат сите стари долгови и да се изгладат сите нарушени односи. Влегувањето во расправии и кавги се смета за голем грев.

Овој празник уште од дамнешни времиња се смета за идеален момент за есенски свадби и веридби. Се верува дека бракот склопен на овој ден носи долготраен напредок, среќа и куќа полна со деца.

Билките собрани меѓу Голема и Мала Богородица се сметаат за исклучително лековити. Исто така, верниците традиционално го посетуваат црковниот храм и собор во празнична облека.

Ништо не се дава од куќата

Според народното предание, на овој свештен ден ништо не треба да се изнесува или дава надвор од домот, за „да не излезе среќата од куќата“.

Посебни правила за жените и празничната трпеза

Пресвета Богородица се смета за голема заштитничка на жените, мајките и децата. Поради тоа, на овој ден жените задолжително заминуваат во црква на молитва, додека традицијата налага денеска да не се пере алишта и да не се вршат тешки физички или домашни работи.

Се верува дека децата родени на Мала Богородица имаат посебна благослов и заштита од Богородица во текот на целиот живот.

Дали се пости?

Мала Богородица е празник на радоста и не спаѓа во строги посни празници. Се пости исклучиво ако празникот се падне во среда или петок.

Со оглед на тоа што годинава празникот се паѓа во понеделник, празничната трпеза треба да биде мрсна и богата.