Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во петокот околу 18 часот во близина на Бујановац, животот го загубиле мајка и нејзиното двегодишно дете, додека повеќе лица се повредени.
Трагедијата се случила на магистралниот пат, односно на стариот автопат кон Врање. Според неофицијалните информации, дошло до судир меѓу два автомобили.
Екипите на Итната медицинска помош од Бујановац веднаш интервенирале, а повредените лица биле транспортирани во Здравствениот центар во Врање.
Поради тешката несреќа, патот бил затворен за сообраќај, а полицијата ги пренасочувала возилата. Сообраќајот од правец на Врање бил насочуван преку Бујановачка Бања, додека возилата од правец на Бујановац биле пренасочувани по алтернативен пат.
Засега нема дополнителни информации за состојбата на повредените, ниту за точните околности под кои дошло до судирот.

