Дожд во Македонија – УХМР утрово со најнова прогноза

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има зголемена облачност и услови за слаб и краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне 22 степени.

Променливото облачно време со сончеви периоди ќе продолжи и во наредниот период, со повремени услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.