На 24.09.2026 во 09:23 часот во ОВР Делчево, од Итна медицинска помош e пријавено дека за укажување лекарска помош на Љ.В.(68) од с.Стамер, делчевско,
биле повикани кај место викано „Брана Петрашевец“ во атар на село Чифлик, делчевско.
Според пријавеното, тој додека управувал трактор со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот, кој се превртел, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кочани.
Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Делчево.

