Добра вест за дел од пензионерите – три банки денеска, 29 септември, ги ставија на располагање септемвриските пензии.
Халкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за септември се веќе достапни на сметките на корисниците. Средствата може да се користат преку банкоматите, во филијалите на банката, како и преку електронското и мобилното банкарство.
Пензионерите кои дале согласност за ваков начин на исплата можат да ги подигнат средствата и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
И АЛТА банка АД Битола денеска соопшти дека е извршена исплатата на септемвриските пензии. Средствата се префрлени на трансакциските сметки, а пензионерите можат да располагаат со нив преку банкоматите и во експозитурите на банката.
Силк Роуд Банка исто така ги стави на располагање средствата за своите клиенти пензионери, со што и тие можат да располагаат со септемвриската пензија.
Така, клиентите на овие три банки веќе можат да ги користат своите септемвриски пензии, додека останатите пензионери треба да ги следат известувањата од своите банки за датумот на исплата.

